Домашна гранола со мед

Гранолата е одличен избор за појадок.

Photo by Sollange Brenis on Unsplash

Наместо да ја купуваме во продавниците, најдобро е да ја подготвиме дома со состојките кои ние ги сакаме.

Ова е лесен и здрав појадок, погоден за сите.

Потребни состојки:

400 гр овесни снегулки

20 бадеми, искршени на парчиња

20 ореви, искршени на парчиња

Ванила екстракт

Цимет

2-3 лажици мед

3 лажици стопено кокосово масло

Поставете хартија во сад за печење, а во меѓувреме стопете го кокосовото масло(најдобро е тоа да биде 30 секунди во микробранова печка). 

Во одделен сад ставете ги овесните снегулки, а потоа и оревите и бадемите. Додадете го циметот, потоа и ванила екстрактот и добро измешајте. На крајот додадете ги медот и кокосовото масло и измешајте повторно за да добиете хомогена смеса.

Истурете ја смесата во садот за печење и печете околу 60-75 минути, додека не добие златна боја.

Оставете ја да се олади барем 2 часа по печењето, а потоа ставете ја во тегла или друг сад за чување, каде може да стои до 3 недели.