Домашен третман кој ќе ги омекне вашите пети

Ова е период кога ги посетуваме козметичките салони само кога мораме, а за некои од третманите постојат и домашни решенија.

Редовната грижа за стопалата е важна за редовната хигиена, но и за убав изглед на нашите нозе и стопала. 

За овој домашен третман, потребни ви се само три состојки: сол, шеќер и маслиново масло.

Потребни состојки:

3 лажици шеќер

3 лажици сол

5 лажици маслиново масло

По желба, можете да додадете и неколку капки есенцијално масло кое ќе даде убав мирис на овој домашен третман. 

Измешајте ги сите состојки во еден сад, а потоа направете ексфолијација на стопалата. Особено внимание обрнете на сувите делови, како што се петите.