Домашен тест за бременост од древен Египет

Можеби ќе ви звучи чудно, но имајте на ум дека оваа цивилизација пред илјадници години успеала да смисли лек за сите болести од тоа време, само со мешање на билки, зачини и храна. Ако тоа им успевало, зошто тогаш не би знаеле да смислат тест за бременост, кој е со голема точност. 

Техниката е крајно едноставна. Семиња од пченка и јачмен се ставаат во шољичка, а жената за која се мисли дека е бремена ја истура својата урина врз семињата, па садот го покрива со крпа. Резултатот се проверува наредното утро. Доколку семињата из’ртиле, жената е бремена. Дури, древните Египќани можеле да кажат дали се работи за машко или девојче на основ на тоа кое од семињата е из’ртено. 

Научниците ја имаат тестирано оваа техника во 60-тите и утврдиле точност поголема од 70%. Тоа е еквивалент на точноста на модерните тестови кои се продаваат во аптеките, особено оние најефтините. Древниот тест работи на истиот принцип како и денешните, односно хемиската промена која е карактеристична за бремените жени.