Домашен сок кој ќе го подобри имунитетот во текот на студените денови

Ѓумбирот и куркумата се намирници кои се богати со антиоксиданти, витамини и минерали.

Тие се природни сојузници кои се борат против воспалителни процеси во телото, а истовремено го јакнат и имунитетот и се одлични во борбата против сезонските настинки. Ако додадете и лимон, јаболко и мед добивате вистинка бомба -  сок кој треба да го конзумирате редовно во текот на студените денови.

Потребни состојки:

50 гр свеж ѓумбир

1 лажица куркума во прав

100 мл сок од лимон

60 мл цеден сок од јаболко

1-2 лажици мед

Ставете ги сите состојки во блендер и добро миксирајте додека не добиете хомогена смеса. Процедете го таквиот сок низ цедалка додека не добиете бистар сок. Ваквиот пијалок можете да го конзумирате редовно.