ДОМ: Укинувањето на мораториумот во Центар е крај за надежта за квалитетно урбано живеење!

Зелената партија, ДОМ е шокирана од скандалозната одлука на Уставниот суд за привремено, триесетдневно укинување на мораториумот за градење во општина Центар. Оваа одлука е крај за надежта на граѓаните дека е можно квалитетно и хумано урбано живеење.

Општина Центар е позитивен пример за добро владеење, согласно потребите на граѓаните и почитување на јавниот пред бизнис интересот и здравјето пред профитот. Покрај воведувањето мораториум за градење, тие се и првите кои при измена на два ДУП-а го применија Законот за урбано зеленило и обезбедија најмалку 20% зеленило на градежна парцела. Ја охрабруваме општина Центар да продолжи чесно и одговорно да работи во интерес на граѓаните.

За ДОМ, борбата против градежната експанзија и бетонизирањето на јавниот простор е врвен приоритет. Затоа баравме ревизија на ДУП-овите кои не се во согласност со ГУП-от на Град Скопје и со урбанистичките и еколошките стандарди. Остануваме доследни на нашите ставови за урбано планирање кое ќе овозможи квалитетно, хумано живеење во чиста и здрава животна средина