Долгогодишните пријателства се подобри за здравјето од лековите

Едно истражување во кое биле вклучени околу 280 000 луѓе покажало дека дружењето со пријателите е одлично за нашето здравје. 

Истражувањето опфатило 2 фази: Во првата фаза биле опфатени испитаници постари до 50 години, а  во втората фаза имало испитаници од постара доба.

Во првата фаза било утврдено дека вреднувањето на пријателствата значело подобро функционирање во животните подрачја, но и поголем бенефит за здравјето и добросостојбата. Втората фаза покажала дека дружењето со пријателите придонесува за подобро здравје и помал ризик од хронични заболувања. 

Како што старееме, се одалечуваме од дел од пријателите и ни остануваат само оние што се навистина значајни. Тие се тие пријателства кои не прават многу среќни. Тие ни даваат чувство на среќа, но и севкупно подобро здравје. 

Истражувачите кои го воделе ова истражување истакнуваат дека пријателствата имаат навистина огромна моќ на телесното и менталното здравје што често се занемарува кај луѓето.