Долго лето: Какво време не чека во октомври

Во текот на следните денови територијата на нашата држава ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која продира од југ и истата ќе услови значително затоплување и натпросечно високи температури на воздухот за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени додека на југоисток истите можно е да се искачат дури и до околу 30 степени, прогнозира Славчо Попоски.

Времето ќе биде сончево со умерена а повремено и значителна локална облачност а повремено ќе има услови и за слаб локален дожд, ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на викендот како и на почетокот од следната недела ќе има услови за повремен локален дожд како и за локална нестабилност проследена со грмежи.

Пред нас е период на значително потопло време со високи летни температури на воздухот.