Долго и топло лето: Какво време нè очекува до крајот на летото?

Топло, суво и стабилно време - вакви се прогнозите на светските метролошки сервиси за крајот на јуни и јули. Август ќе биде променлив и врнежлив. 

До крајот на јуни времето ќе биде сончево и стабилно со температури кои ќе достигнат до 35 степени.

Почетокот на јули ќе донесе многу топло време и пораст на температурите. Дневната температура ќе се искачи до 38 степени. Јули ќе донесе и претежно стабилно време, можни врнежи од дожд се очекуваат во втората половина од месецот.

Aвгуст ќе донесе поврнежливи денови и нестабилно време во текот на целиот месец.