Документарниот филм „Before The Flood“ вечер во Градски парк

Beчер со почеток во 20:00 часот на школка во Градскиот парк ќе се одржи проекција на документарниот филм „Before The Flood“ (Пред поплавата).

Филмот зборува за причините и последиците од климатските промени, а проекцијата e во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност.