Докторот Оливер Зафировски е кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош

Докторот Оливер Зафировски е кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош. Веста вечерва беше објавена на социјалните мрежи.  

Зафировски е доктор, специјалист педијатар и пулмолог и долго време раководеше со Институтот за белодбробни заболувања во Козле, Во моментов е вработен во оваа јавна здравствена устанува. Тој е добитник на висока награда наградата за воведување на највисоки европски стандарди за квалитет во лекување на деца, како и превенција на стрес во текот на болничкиот престој.