Докторка од Нефрологија убиена во дворот на Клинички Центар

Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата за убиството на жена која работела како доктор на Клиниката за нефрологија во Скопје.

Синоќа околу 21 часот, во дворот на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ во Скопје, пронајдена е мртва жена со повреди од нож во пределот на рацете, исечени вени и убодна рана на вратот.

Итната медицинска помош, која дошла на повик на граѓанин, констатирала смрт.

МВР ја потврди информацијата, а жртвата ја идентификуваше како Ј.С., доктор на нефрологија и професорка.

МВР најави повеќе информации во текот на денешниот ден.