Докторите од Клиниката за трансфузиологија спасија кутриња заглавени под плоча (ВИДЕО)

Анима мунди соопшти дека вработените вчера биле во несекојдневна спасувачка акција. „Тие без двоумење успеаја да спасат мајка со мали кутриња кои на, за нас нејасен начин, завршиле под бетонска плоча и дупка во дворот на клиниката.

Докторите ја кренаа плочата и влегoa во дупката за да ги извадат животните. Мајката и туку што прогледанитe кутриња се на безбедно, згрижени од актерката и активистката Ајета Реџеповиќ и госпоѓа Лидија, исто така голем активист“, велат од здружението Анима мунди.