Доктори вонредно пристигнале да помогнат: Верижен судир на автопатот Скопје - Тетово

Тешка сообраќајка се случила вчера попладне на автопатот Скопје- Тетово, а четири лица се повредени, пренесе а1он.

Неколку возила вчера попладне околу 16 часот се судриле кај селото Буковиќ, а неофицијално две лица се тешко повредени.

Тешко повредените лица биле пренесени на скопските клиники каде вонредно биле повикани доктори во Клиничкиот центар да им помогнат.