Доктори од Харвард велат дека оваа вежба е совршена со цврсти стомачни мускули!

Ако мислите дека добрите, класични стомачни вежби се најбрз билет за совршени стомачни мускули, докторите од Факултетот за медицина на Харвард имаат новости за вас: Оваа класична вежба не е толку ефикасна колку што изгледа.

Наместо стомачни вежби, тие препорачуваат да правите „планкови“, вежба со која  се држите себеси на рацете и прстите од нозете.

За разлика од класичните стомачни вежби, кои се фокусираат само на вашите стомачни мускули, „планковите“ вклучуваат различни мускули и од страничниот, предниот и задниот дел од телото. Ако сакате цврсто јадро, морате да ги предизвикувате и активирате и овие мускули.

Стандардните стомачни вежби можат да бидат тешки за различни делови од телото како грбот, бидејќи треба да го поткревате од подот. Понатаму, кога го кревате телото во таа позиција, активирате една група на мускули кои се протегаат од вашите бутови до долниот дел на ‘рбетот. Кога овие мускули ќе бидат презатегнати или преактивирани, тие можат да предизвикаат болка во долниот дел на ‘рбетот.

Покрај тоа, „планкот“ како вежба можете да го правите каде било и кога било.

Експертите препорачуваат да почнете со тоа што ќе легнете со лицето кон подот, со испружени нозе и свиткани лакти, директно под вашите рамена. Вашите нозе треба да бидат раширени во должина на колковите, а вашите лакти треба да бидат раширани во должина на рамената. Следно, стегнете ги стомачните и исправете ги палците на нозете за да го поткренете телото, држејќи ги лактите цврсто за подот. Вашето тело треба да биде во права линија од главата до петиците. За почеток, една минута држете ја таа позиција.

Како што ќе станувате поцврсти, ќе можете и подолго да седите во таа позиција и ќе можете да се потпирате на вашите дланки.

Подготвени сте да и дадете шанса на вашата вежба?