Доктор тврди дека знае зошто се појавила епидемија на карцином: „Подобро ќе беше да фрлеа атомска бомба отколку тој вирус“

Кардиоваскуларниот хирург и професор на Медицинскиот факултет во Сараево, д-р Емир Солаковиќ, тврди дека коронавирусот е причина за значително зголемување на бројот на случаи на карцином, како и на многу други заболувања.

Д-р Солаковиќ во гостување во емисијата Pressing на N1 БиХ изјави дека денес се соочуваме со епидемија на карциноми, кои, според него, се директна последица од коронавирусот.

„Постои нешто што е специфично, наследно, нешто што го нарекуваме автоимуна болест, а што директно зависи од нашиот имунолошки систем. Имунолошкиот систем е тој што нè штити, што секојдневно води борба во нашето тело без прекин. Во нашиот организам постојано циркулираат канцерогени клетки. Тие се присутни, се движат низ телото, но нашиот имунолошки систем ги запира и уништува. Додека имунолошкиот систем победува — ние сме здрави. Но, кога канцерогените клетки ќе го надвладеат имунолошкиот систем, тогаш доаѓа до развој на рак“, објасни Солаковиќ.

Тој додаде дека верува дека коронавирусот не е природно настанат.

„Тоа е создадено и пуштено меѓу луѓето. Можам да кажам дека тоа што се случи со короната е најопасното нешто што можеше да го снајде човештвото. Подобро ќе беше да фрлеа атомска бомба, затоа што вака им го разорија имунитетот на луѓето“, истакна Солаковиќ, додавајќи дека коронавирусот „го сруши имунолошкиот систем“.

„Кога имунитетот паѓа, канцерогените клетки добиваат слободен простор“, заклучува тој.

Поради ова, според кардиоваскуларниот хирург и професор, кого често го нарекуваат и „босански доктор Оз“, денес имаме епидемија на карциноми, за што, според него, ретко кој јавно зборува.

„Во болниците, на теренот, го гледаме тоа секојдневно. Луѓето доаѓаат со рак и со тешки заболувања, но никој не го поврзува тоа со короната. Никој јавно не сака да каже дека ова се последици од пандемијата“, вели Солаковиќ.

Тој истакнува дека по завршувањето на пандемијата, заврши и приказната за неа, но последиците останаа. Останаа и физички и психички последици. Луѓето се ранливи, психички исцрпени, а многумина завршуваат на психијатрија, дури и оние кои на прв поглед делуваат здраво.

„Корона вирусот навлезе во сите системи на човечкото тело, особено во најслабите. Со ударот врз имунитетот, таа ги отвори вратите не само за карциномите, туку и за дијабетесот, срцевите заболувања, како и за менталните нарушувања“, предупредува Солаковиќ.

Денес, според него, луѓето се понервозни од кога било, а менталната состојба на нацијата е сериозно нарушена.

„Корона вирусот навлезе во нервниот систем, во срцето, во мозокот. Луѓето не се само под стрес – многумина буквално полудеа. Завршуваат на психијатрија бидејќи вирусот го разорил она што ги држело на нозе. За жал, за тоа денес речиси никој не зборува. Веќе нема вести, темата веќе не е интересна. Но последиците се тука, околу нас, секој ден, на секој чекор“, заклучи Солаковиќ.