Доктор нападнал сестра на Клиниката на гинекологија

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 07.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од Т.М.(33) од Охрид, вработен како доктор.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ, стои во информацијата од полицијата.