Доктор Митов со став: Македонија треба да продолжи да произведува и канабис, па и афион

По скандалот со петте тони марихуана кои ги заплени макеоднската полциија, сѐ повеќе во јавноста се дебатира за употребата на канабис во медицински цели, но и за соодветните законски рамки со цел да се регулира оваа област. 

Доктор Александар Митов смета дека Македонија треба да продолжи да произведува и канабис, со оглед дека во пораст е неговата употреба во медицински цени. 

- Има јасни и клинички докажани индикации за употреба на канабиноиди во медицината. Државата не згреши со носењето на законот, напротив, сега приликите се уште подобри од времето кога се носеше, на светско ниво. И студиите растат, и медицинската употреба расте. Ние рано се качивме на овој воз. Не смее да дозволиме шака криминалци да ја уништи таа индустрија во зародиш во нашата земја, порача доктор Митов преку фејсбук објава. 

- Македонија треба да продолжи да произведува и канабис, па и афион. Ние нема да извезуваме пченка и пченица, но можеме да имаме стотици милиони извоз од паметно одбрани култури. А со криминалците, државата знае како треба! - додава тој.