Доктор кој ја примил руската вакцина смирува: Можете да пиете, но само една-две чашки ракија

Српскиот доктор Сергеј Бољевиќ кој живее во Москва и кој меѓу првите ја примил руската вакцина „Спутник 5“ вели дека таа е стопроцентно сигурна и безбедна и оти проценките се дека наскоро маските воопшто нема да бидат потребни.

Тој вели дека се шпекулации тврдењата дека со руската вакцина не смее да се пие алкохол 42 дена.

Една до две чашки ракија и вино се дозволни.Не е добро да се опивате, без разлика дали сте примиле вакцина или не-објаснува докторот.