Доктор Исјановски починал во Грција, Камењар сподели фотографија од таверна каде наздравуваат со Перо Антиќ

Тажна вест ја потресе македонската јавност попладнево. Почина д-р Виктор Исјановски, психијатар и поранешен директор на Здравствен дом – Скопје.

Неофицијално, Исјановски починал во Грција, каде што престојувал на летување. Вчера на социјалната мрежа Инстаграм Владимир Ристов – Камењар сподели фотографија од Таверна Фарос каде што е во друштво со д-р Исјановски и со кошаркарската легенда Перо Антиќ.

Фото: Инстаграм

Д-р Исјановски беше на чело на најголемата здравствена установа во државата од јуни 2019 до 2024 година. Јавноста најмногу го памети по неговиот ангажман за време на пандемијата на коронавирусот, кога Здравствен дом – Скопје со сите ресурси беше ставен во служба на граѓаните, особено во процесот на масовната вакцинација.