Доктор Чадиковски со став за ненадејната смрт на бебиња и деца: Во речиси 70% од случаите ова е причината!

Познатиот детски хирург Владимир Чадиковски со стручен став и перпорака за случаите со смртен изход кај новороденчиња, бебиња и мали деца. 

Таков случај беше обелоденет и вчера, а се однесуваше на четиримесечното бебе кое починало во Богданци, а претходно подолг период се лекувало на клиника во Скопје. 

- Долго време нагласуваме дека кога ќе слушнеме дека дете во Македонија, без претходна болест, ненадејно починало (особено во случајот на новороденчиња), во речиси 70% од случаите, се работи за вродени срцеви мани!! Носете ги вашите деца на редовни систематски прегледи кај педијатар! - порача децидно доктор Чадиковски.