Доктор Чадиковски на твитер: На крај на денот сфаќаш дека секоја следна операција е потешка од претходната

Познатиот специјалист по детска хирургија и детска кардиохиругрија,  Владимир Чадиковски кој од неодамна е дел од тимот на болницата „Систина“, попладнево на својот твитер профил објави дека извршил успешна операција на детенце која траела цела 9 часа и се подготвува за следната операција на детенце тешко еден килограм која веројатно ќе трае повеќе од 3-4 часа.

Ја завршивме првата операција (прекинат аортен лак) денес после 9 часа интервенција, сега влегувам со втората операција на 1 кг бебе која ќе трае сигурно до 22 часот, напиша Чадиковски на твитер. 

На крај на денот сфаќаш дека секоја наредна операција е потешка од предходната од сите аспекти, додаде тој во својата објава. 

Пред неколку денови тој на својот профил сподели уште една убава вест.  Дека од клиничката болница „Систина“ по четири месеци лекување првото бебе со дијагноза хипопластично лево срце, кај кое непостоело цела лева страна на срцето и кое било оперирано со хибридна техника.