Доктор Беќаровски: Којзнае колку од починатите кои се „вакцинирани“ всушност не се

Случаи на лажна вакцинација (псевдовакцинација) има низ цела Европа и Америка, а секој од нас знае барем 5-6 такви и во Македонија, пишува доктор Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил.

„Да не беа наметнати присилните вакцинални сертификати, лажно вакцинирани граѓани немаа да постојат, а ние ќе имавме многу попрецизна и поточна верификација на ефикасноста на вакцините.

Затоа при носење на секоја мерка на принуда, не смее да се заборави еден од основните закони во физиката: акција = реакција.

П.С. Кој знае колку од починатите „комплетно вакцинирани“, всушност воопшто не се вакцинирани,“ пишува тој на неговиот Фејсбук-профил.