Доколку се наоѓате во главниот град, ова е совршено место за да ја одморите душата

Доколку се наоѓате во главниот град, манастирот Никола Шишевски е совршено место за да ја одморите душата.Спо­ред со­чу­ва­ни­те из­вор­ни по­да­то­ци, се доз­на­ва де­ка ма­на­сти­рот за вре­ме на 15 и на 16 век прет­ста­ву­вал си­лен и акти­вен кул­ту­рен цен­тар во око­ли­на­та на Скоп­је.

Све­ти Ни­ко­ла Чу­до­тво­рец е за­штит­ник на по­мор­ци­те и на си­ро­маш­ни­те, еден од нај­са­ка­ни­те хри­сти­јан­ски свет­ци и нај­го­лем дел од Ма­ке­дон­ци­те има­ат сла­ва ток­му на 19 де­кем­ври, Св. Ни­ко­ла. Ме­ѓу мож­ни­те при­чи­ни за го­ле­ма­та по­пу­лар­ност на Све­ти Ни­ко­ла кај Ма­ке­дон­ци­те е и тоа што огро­мен број цр­кви го но­сат не­го­во­то име и ја од­бе­ле­жу­ва­ат сла­ва­та. Ед­на од нив е и ма­на­стир­ска­та цр­ква „Св. Ни­ко­ла“ во се­ло­то Ши­ше­во во Ма­тка.

Ма­ке­дон­ски­от про­све­ти­тел Јор­дан Ха­џи Кон­стан­ти­нов – Џи­нот во сво­јот на­пис „Јуж­на стра­на скоп­ска“ од 21 мај 1855 го­ди­на во „Ца­ри­град­ски вес­ник“ за се­ло­то Ши­ше­во, а кај не­го стои Ше­ше­во, за­пи­шал де­ка е ос­но­ва­но на ре­ка­та Тре­ска до ма­на­сти­ри­те „Све­ти Ни­ко­ла“ и „Све­ти Ан­дре­ја“. По­на­та­му, за­пи­шал де­ка во се­ло­то има ста­ра цр­ква со ед­но ку­бе, храм „Све­ти Ни­ко­ла“, со слав­јан­ски ра­ко­пи­си, ка­ко и шест цр­кви раз­о­ре­ни и дру­ги ста­ри­ни, ве­лат исто­ри­ча­ри­те.

Спо­ред нај­ста­ри­те со­чу­ва­ни фре­ски, цр­ква­та, нај­ве­ро­јат­но, би­ла из­гра­де­на и жи­во­пи­са­на во вто­ра­та по­ло­ви­на на 14 век. На фа­са­да­та се пре­поз­на­ва­ат не­кол­ку спо­лии т.е. ка­ме­ни де­ло­ви, оста­то­ци од ан­ти­ка­та, а упо­тре­бе­ни ка­ко гра­де­жен ма­те­ри­јал при из­град­ба­та на цр­ква­та. Се прет­по­ста­ву­ва де­ка при­па­ѓа­ле на ан­тич­ки храм т.е. све­ти­ли­ште што се на­о­ѓа­ло во бли­зи­на­та. Де­нес вид­ли­ви­от фре­ско­жи­во­пис да­ти­ра од 1630 го­ди­на.

Спо­ред со­чу­ва­ни­те из­вор­ни по­да­то­ци, се доз­на­ва де­ка ма­на­сти­рот за вре­ме на 15 и на 16 век прет­ста­ву­вал си­лен и акти­вен кул­ту­рен цен­тар во око­ли­на­та на Скоп­је. За­чу­ва­ни се ими­ња­та на трој­ца игу­ме­ни на ма­на­сти­рот: Ја­ков, Са­мо­ил и Вен­ја­мин. Од нив, осо­бе­но е акти­вен пр­ви­от, Ја­ков, кој го упра­ву­вал ма­на­сти­рот од 1630 го­ди­на до 1645 го­ди­на. Во не­го­во вре­ме цр­ква­та би­ла од­но­во жи­во­пи­са­на, би­ле ку­пе­ни зна­чи­те­лен број кни­ги за по­тре­би­те на ма­на­сти­рот и бил ку­пен крст за ол­тар­на­та пре­гра­да. Кон кра­јот на 19 век, ка­ко ре­зул­тат на сѐ по­за­че­сте­ни­те на­па­ди на ло­кал­ни­те ар­на­ут­ски бан­ди, ма­на­сти­рот бил це­лос­но за­пу­стен.

Де­нес, ма­на­сти­рот „Св.Ни­ко­ла Ши­шев­ски“ прет­ста­ву­ва ед­но од нај­у­ба­ви­те ме­ста на Ма­тка. Има мал­ку пи­шу­ва­ни­те из­во­ри за овој ма­на­стир, но, се­пак, во еден пре­пис на ма­на­стир­ски по­ме­ник се спо­ме­ну­ва де­ка во по­ди­га­ње­то и во жи­во­пи­су­ва­ње­то на по­ста­ра­та цр­ква по­ма­гал кра­лот Мар­ко, та­ка што мо­же да му се при­пи­ше кти­торс­тво. Не се знае точ­но кој бил кти­то­рот и на но­ва­та цр­ква, а се прет­по­ста­ву­ва де­ка лич­но се за­ло­жил скоп­ски­от ми­тро­по­лит Си­ме­он.

Ма­на­стир­ска­та цр­ква се со­стои од две град­би. По­ста­ра­та пр­во­бит­на град­ба прет­ста­ву­ва ед­но­ко­раб­на цр­ква. За­пад­ни­от дел е зби­ен, гра­ден од ка­мен и од ту­ла и не­го­ви­те фа­са­ди се расч­ле­не­ти со ар­ка­ди. Во цр­ква­та „Св. Ни­ко­ла“ има два сло­ја жи­во­пис. Ста­ри­те фре­ски по­тек­ну­ва­ат од 14 век и се де­лум­но откри­е­ни под жи­во­пи­сот од 17 век. Од ста­ри­те фре­ски вид­ли­ви се ли­ко­ви­те на че­тво­ри­ца све­ти оци на се­вер­ни­от и на јуж­ни­от ѕид на ол­та­рот и двај­ца све­ти во­и­ни во на­о­сот. Тоа се све­ти­те во­и­ни Ѓе­ор­ги и Ди­ми­три­ја об­ле­че­ни во со­вре­ме­ни вла­де­тел­ски одеж­ди, со ви­со­ки ка­пи. Спо­ред до­се­га поз­на­ти­те фре­ски од пр­ви­от слој жи­во­пис, се чи­ни де­ка го изра­бо­ти­ле двај­ца сли­ка­ри што при­па­ѓа­ат на пле­мен­ско-мо­на­шка­та гру­па сли­ка­ри од вто­ра­та по­ло­ви­на на 14 век.
Жи­во­пи­сот од 1630 го­ди­на кој се на­о­ѓа во вто­ра­та цр­ква, од­нос­но во при­пра­та­та, е мош­не до­бро за­чу­ван. Во дол­на­та зо­на се сли­ка­ни од­дел­ни све­ти­те­ли, над нив сце­ни од жи­во­тот на св. Ни­ко­ла, а во гор­ни­те зо­ни се сце­ни­те од чу­да­та и ма­ки­те на Исус Хри­стос.

Сместен е високо на една зарамнета тераса на карпите, над десниот брег над вештачкото езеро Матка над реката Треска. Теренот е недостапен за моторни возила и планински велосипеди и е единствено достапен пеш од три правци: од мостот на реката Треска во близина на кајакарските терени кај манастирот Света Богородица вo Долна Матка (половина час пешачење); од селото Шишево (1 час); како и од врвот на планината Водно (2 часа и 30 минути). Од градот Скопје е оддалечен 18 километри, а од селото Шишево околу 3 километри. Од спротива на манастирот долу крај езерото се пружа прекрасна глетка на позната црква Манастир Свети Андреја.

Доколку се уште не ви е јасно како да стигнете до ова парче рај, ние ве советуваме за наједноставниот начин, преку самиот мост на Треска. Имено, патот до Матка веќе на сите ви е познат. Најбрзо е да стигнете со автомобил, но постојат и редовни автобуски линии. Во непосредна близина на последната автобуска станица која остава за да се стигне до кањонот, се наоѓа и мостот преку кој се преминува реката Треска.

Потоа, ја следите планинарската патека, која иако е тесна и е доволна само за еден човек, сепак не е премногу долга, па се минува брзо. Оние навикнати да пешачат, можат да ја поминат и за половина час, за оние понеспремните, најмногу, 45 до 50-на минути. Попатно ќе наидете на прекрасни пејзажи од кањонот, а крајната дестинација ќе ве воодушеви со својата интимна атмосфера и природна убавина.

За враќање, најлесно ви е или по истиот пат, или по каменливата удолнина кое се наоѓа зад ѕидот каде што се и клупите. Во секој случај, доколку имате лизгави обувки на себе, не ви ја препорачуваме оваа опција. Но, доколку се одлучите за неа, знајте дека ќе излезете од спротивната страна на езерото, карши ресторанот. На левата страна се наоѓа дрво на кое е закачена метална плоча, на која ќе треба неколку пати да чукнете. За кусо време ќе пристигне мало кајче да ве пренесе, кое ќе ве чини околу 30-40 денари.

На овој начин ќе можете да го искористите остатокот од времето да прошетате и низ долниот дел на кањонот.