Дојран успешно ја стартуваше новата сезона, се очекуваат над 200.000 туристи

Голем број на Македонци оваа година се решија летниот одмор да го поминат во Дојран и да уживаат во природната убавина која изобилува таму.

Дојран успешно ја стартуваше новата сезона. Уште на самиот почеток полни се скоро сите капацитети, а бројот на гостите  кои го посетуваат овој туристички центар секојдневно се зголемува. Покрај домашните туристи кои се и најбројни,  годинава продолжува и трендот  на странски гости, а освен српските државјани кои традиционално  транзитираат се поголем е бројот на организирани групи кои доаѓаат од Бугарија. Турисите се задоволни од понудата, овде доаѓаат пред се поради водата.

Од локалната самоуправа велат дека сезоната ја стартувале подготвени. Покрај уредувањето на плажите ги направиле сите неопходни анализи и на водата во езерото кои покажале дека квалитетот е одличен.

,, За разлика од минатата година се надеваме дека негативната кампања нема да биде со таков интензитет годинава. Неколку пати правевме анализа на квалитетот на водата во Дојранско езеро и резултатите покажаа дека е со одличен квалитет . Исто така направивме инспекција и анализа на пречистителната станица и таа работи со полн капацитет.,, вели Борче Стамов – градоначалник на општина Дојран за Сител.

Покрај природните убавини Дојран годинава ќе понуди и голем број концерти и културно забавни содржини наменети за сите генерации на посетители.   Проценките кои се базирани на најавите и интересот од страна на туристите  велат дека оваа година во Дојран ќе летуваат над 200.000 туристи.