Дојран повеќе нема да е домаќин на „Д Фестивал“, еве каде ќе се одржува годинава

На официјалната фејсбук страница Д Фестивал објавено е дека оваа културна манифестација која оваа година слави 15 години од Дојран се сели во Штип.

Од 4 до 6 јули Д Фестивал ќе се одржи под исарот во Штип.

По цели 15 години Д Фестивал ја менува својата локација и нема да се одржи покрај Дојранското езеро. Организаторите на фејсбук се заблагодарија на сите кои помогнале да израсне фестивалскиот бренд во Дојран и најавија дека фестивалот тргнува по нов пат да ги оствари своите соништа.