Дојдов во години...

Дојдов во години
кога морам да се натерам себеси да пишувам,
така е тоа кога буквите ти го ставаат лебот во уста.
Даваш грам букви, а продаваш тон од својата душа.
Така е тоа, јас најдобро го знам, душата ми е распродадена. 

Дојдов во години
кога морам да се натерам себеси да сакам.
Така ти е тоа кога некој оди таму некаде
каде секоја вечер пее Даворин Поповиќ
Ќе излееш еден тон солзи, засекогаш ќе исфрлиш еден грам душа од твоето срце.
Така е тоа, го знам јас тоа, душа индексирана. 

Дојдов во години
кога морам да се натерам да живеам со годините,
така е тоа со годините, барем така велат.

Дојдов во години, а некако и не ми се доаѓаше баш.
Ми се доаѓаше во Игало, затоа што нешто ми се допадна животот во кал.
Ми се доаѓаше во Белград, затоа што нешто баш ми е мил животот во џунгла.
Секаде ми се доаѓаше,
само не во годините.

Дојдов во години
кога морам да се натерам
да бидам во години.

Никој не ми кажал ништо за сето ова
терање, развлекување и кинење на душата
сите овие работи кои годините ги носат со себе...

  • Блогиња