Дојди и сподели ја возбудата која доаѓа со екстремните попусти за Black Friday, само во Comodita Home!

Најголемиот настан на попусти во светот, Black Friday, овој пат во Comodita Home, доаѓа порано од вообичаеното!

Цела една недела, од 19-26 ноември, Comodita Home ви ги нуди најголемите, до сега невидени попусти и несекојдневни награди!

До 75% попуст на сите ваши омилени производи!

Еве начин како можете да го преуредите вашиот дом со нови, различни производи за вашата спална соба, кујната, бањата и други разни додатоци за домот,сето тоа со многу мала инвестиција!

Затоа, подгответе се за ново, уникатно искуство во купувањето! Сметајте ја оваа предпразнична и волшебна недела како најубав водич до подароците за вашите најблиски, или за новите и свежи елементи за вашиот дом кој толку време сте ги посакувале!

Black Friday во Comodita Home носи уште поголема привлечност! Ова не е обично купување, тука секое купување е полно со страст и пријатни изненадувањa! Целиот тим на Comodita Home е подготвен да биде покрај вас до крајот на оваа авантура. Имате можност да купите разновиден избор на душеци Comodita со екстра попусти и подароци, сетови за готвење кои почнуваат од 2999 денари, блендер Nutrifast со специјална цена  од само 3699 денари, порцелански чинии од 2499 денари , постелнини, патни торби и уште многу други прозиводи по неверојатно ниски цени.

Но,не е само тоа! Во широкиот асортиман на производи и најдобрите понуди на годината, можете да најдете и квалитетни перници, ќебиња, јоргани и прекривки, разни садови за кујната како тави и тенџериња, тепсии, сетови на филџани, сетови чаши и разни други кујнски додатоци.

Сите потребни производи за вашиот дом можете да ги купите по супер ниски цени во продавниците на Comodita Home. Доколку пак не можете да пазарувате директно од продажните салони, сите производи со истите попусти ви се достапни и онлајн, со еден клик можете да ги нарачате од удобноста на вашиот дом, преку веб-страницата www.comoditahome.mk или преку социјалните мрежи Facebook и Instagram, како и преку контакт центарот на Comodita Home со бесплатно јавување на 0800 10 5 10. Со оваа супер понуда ви следува и бесплатна достава на производите до вашиот дом. Ексклузивни понуди ве очекуваат и во Comodita Tvshop секој работен ден од 12 часот.

Инаку, и оваа година поради состојбата со КОВИД-19 и со цел да се запазат здравствените протоколи, најдовме начин да ги елиминираме гужвите и турканиците во продавниците, па така „Црниот петок“ во Comodita Home ќе трае подолго, односно 7 дена, преземајќи ги сите неопходни мерки посочени од соодветните институции и стручните кадри за зачувување на безбедноста на нашето здравје.

Искористете ја оваа несекојдневна можност и понудите на Comodita Home со најатрактивни цени, бидејќи овие понуди се само еднаш во годината!