
Скопје ги привршува последните подготовки за големиот концерт на светски познатиот диџеј Дејвид Гета утревечер на Националната Арена „Тодор Проевски“.
И утре ќе се врши замената на влезниците за нараквици за концертот. Од „Авалон продукција“ информираат дека замената ќе биде овозможена и утре, од 10 до 17 часот, на пунктот во Градскиот парк – „Вембли“. Активноста се реализира во координација со Министерството за внатрешни работи.
Утре во главниот град ќе има и посебен сообраќаен режим.

Организаторите ги повикуваат посетителите кои се во можност да ја заменат влезницата во текот на понеделник, со цел да се избегнат поголеми гужви во вторник.
Според најавата, вратите на стадионот „Тодор Проески“ ќе бидат отворени во 17 часот.

Од „Авалон“ очекуваат голем број посетители, поради што апелираат граѓаните да не доаѓаат со автомобили. Се препорачува користење јавен превоз или пешачки пристап, имајќи предвид дека улиците во околината на стадионот ќе бидат затворени.
За полесен и побезбеден влез, посетителите се повикуваат да пристигнат навреме и, доколку се во можност, да го планираат доаѓањето порано.