Дојава за бомба во ЈСП

Дојава за бомба добиле во Јавното сообраќајно претпријатие рано утринава, дознава и пренесува порталот Курир.

Според информациите на медиумот, пријавата била во раните утрински часови, но засега нема повеќе детали. На вработените не им е дозволено да дојдат до своите работни места до целосна проверка на просторот.

Извори од лице место велат дека екипи на Министерството за внатрешни работи се веќе на терен.