Договорот со Грција не им пречи на Македонците – се уште грчките плажи се најактуелни за летување, нема откажување на аранжмани

И покрај се, Македонците не се откажуваат од летување во Грција. И оваа година грчките плажи се најактуелни, потврдуваат од туристичките агенции.

-Ние не забележуваме разлика, од минатите години. Имаше рани разервации, ниту една не се откажа до сега, како причина од Договор со Грција. Секојдневно доаѓаат и резервираат голем број на граѓани, велат од скопска агенција.

Повторно најактуелен е првиот крак, како и островите.

-Мене не ми пречи. Јас секоја година сум во Грција на одмор. Убави ми се плажите и морето, ќе одам и оваа година, вели Игор од Скопје.

Сепак има и такви кои за себе велат дека се патриоти и дека нема да стапнат на грчка територија.

-Јас си ја сакам Македонија, си ја сакам татковината. Во Грција сум бил како дете, пред некои 20 години, и никогаш повеќе, вели Гоце.

Покрај Грција, актуелни годинава се и Турција и Црна Гора, како и подалечните егзотични дестинации, за кои од туристичките агенции додаваат дека интресот секоја година е се поголем, иако тие се доста поскапи.