Договорена соработка помеѓу Кисела Вода и Меѓународниот Балкански Универзитет

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и проректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје, проф. д-р Мевлудин Ибиш, потпишаа Меморандум за соработка со рамки на образовните и практичните процеси, во рамки на идејата за доживотно учење, информираат од општината.

-На средбата беа договорени конкретни проектни активности за потребите на општина Кисела Вода. Се разговараше за можни проекти за студентска пракса и архитектонски проекти меѓу двете институции, а особено внимание се обрна на актуелните случувања во врска со распишаниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник. Градоначалникот Ѓорѓиевски го промовираше проектот и од двете страни се изрази интерес за вклучување на стручниот персонал и студентите во конкурсот, известуваат од локалната самоуправа.

На средбата бил постигнат договор Општината да додели стипендии за студирање на ИБУ за најдобрите ученици од училиштата кои се на нејзина територија.