Догодина повисоки плати за администрацијата, лекарите, образованието и одбраната

Со Предлог-буџетот, што вчера го презентираше Министерството за финансии пред коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите, предвидени се повисоки плати за 10 проценти за лекарите специјалисти од јануари следната година и уште пет проценти во септември за сите лекари.

Зголемување на платите за пет проценти од септември догодина предвидени се и за просветните работници и вработените во администрацијата, но не се предвидени пари за исплата на К-15 во јавниот сектор.

Според проекциите на Министерството за финансии, за плати и придонеси во јавната администрација предвидени се 28,3 милијарди денари, а за пензии 56,4 милијарди денари.

Од Буџетот во Фондот за ПИОМ ќе се трансферираат 28,1 милијарди денари. Дополнителни 2,2 милијарди денари се планирани за реформираниот систем за социјална и детска заштита, а се планира и воведување на социјална пензија за околу 6.000 лица кои имаат барем еден работен ден стаж и наполнети 65 години.

Вкупните приходи во државната каса за 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, стапката на инфлација на два процента, а капиталните инвестиции на 25,7 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку во однос на годинава.

nike air max 1 sale