Доењето го намалува ризикот од срцев и мозочен удар кај мајките

Мајките кои ги дојат своите бебиња две или повеќе години, имаат 18 отсто помал ризик од срцев и мозочен удар.

Претходните истражувања покажаа дека доењето може да го намали ризикот од рак на дојката и јајниците, како и од појава на остеопороза и дебелина, а научниците се надеваат дека и ова ново откритие ќе ги поттикне мајките да го изберат доењето отколку бебето да го хранат со млеко во шишенце.

Истражувањето е спроведено меѓу 280.000 жени и покажало дека колку подолго трае доењето, ризикот од заболување од кардиоваскуларни болести е помал.

– Здравствената корист од доењето за мајката може да се објасни со брзо успорување на нормалниот метаболизам по пораѓањето, вели Шони Петерс, научничка од Оксфорд.

Таа додава дека метаболизмот во текот на бременоста драстично се менува, бидејќи мастите остануваат во телото за да се обезбеди енергија потребна за растење на бебето и за доење по пораѓањето.

– Доењето ги намалува наталожените масти во телото побрзо и поефективно, рече Петерс.

Мајчиното млеко го штити новороденчето од инфекции и болести и се препорачува да трае најмалку првите шест месеци од раѓањето на бебето.