Доделување на државната награда „11 Октомври“ во Собранието

Денеска напладне, во свечената Кристална сала на Собранието, одборот за доделување ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2018 година, која претставува највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Награда за животно дело во областа на културата и уметноста ќе им биде доделена на преведувачот и писател Драги Михајловски, писателот и новинар Ристо Лазаров, како и на актерот Петре Арсовски.

Награда за животно дело во областа на здравството ќе му биде врачена на хирург-урологот Александар Ставридис.

Државната награда „11 Октомври“ на добитниците ќе им ја врачи претседателот на Одборот, Драги Ѓорѓиев.