Доделени признанија и благодарници на повеќекратни крводарители во Ѓорче Петров

По повод денот на основањето на Црвениот крст и Денот на крводарителство беа доделени јубилејните признанија и благодарници на повеќекратни крводарители, волонтери и истакнати членови во крводарителството.

-Честитки за јубилејно признание за 100 кродарувања на Тони Трајковски и јубилејни признанија за 50 крводарувања на Илија Најдоски, Марјан Ристов и Димче Китевски.

Заедно со претставници од Црвениот крст денеска доделивме и благодарница за мотиватори во крводарителството на Драги Трајаноски, како и благодарница за придонес во унапредување на крводарителството на ПЗУ ,,Азура,,- Ѓорче Петров, напиша градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Во сабота од 10 до 15 часот во Центарот за култура ќе биде организирана нова крводарителска акција.