Доделени грантови за студенти иноватори во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска во рамките на проектот „Предизвик за студенти иноватори“ ги додели грантовите за реализација на иновативните проекти на студентите кои студираат на факултетите со седиште во општината.

Овој проект општина Гази Баба го реализира со цел поддршка на студентите, но и градење на иновативна култура во рамки на факултетите во општина Гази Баба.

Стефковски посочи дека реализацијата на овој проект има три цели, а тоа се:

- Потикнување на студентите слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат.

- Да се мотивираат студентите да размислуваат иновативно менувајќи ја нашата локална заедница во различни сегменти на нејзиното функционирање.

- Да се охрабрат студентите со менторска поддршка на своите професори да ги препознаат своите способности, да ги условршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на изнаоѓање на иновативни решенија за потребите на локалната заедница.