Доделени 27 решенија за трајно вработување на наставници во општина Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информираше дека се доделени 27 решенија за трајно вработување на наставници во основните училишта.

„ 27 решенија за трајно вработување на наставници во сите основни училишта во општина Ѓорче Петров  Наставниот кадар е најсилната алка во образовниот систем, важноста на наставниците и континуираното подобрување на условите за работа се наш врвен приоритет. Инвестициите во образованието се континуиран процес на кој сме целосно посветени“, напиша Стојкоски.