Градоначаликот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски сподели дека доделиле уште 18 нови решенија за трајно вработување на наставници во Ѓорче Петров.
„Образованието е столбот на нашата иднина, а наставниците се срцето на секоја училница. Денес доделивме нови 18 решенија за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време – трајно вработување за уште 18 посветени наставници во сите основни училишта на територија на нашата општина. 45 наставници вкупно оваа година добија решенија за траен работен однос, продолжуваме да градиме систем во кој секој наставник ќе има сигурност, стабилност и поддршка, истакна Стојкоски во својата објава на социјалните мрежи.
Тој додава и дека Општина Ѓорче Петров стои цврсто зад образованието и дека сигурен наставник значи сигурен ученик.
„Инвестициите во наставниот кадар не се само потреба – тие се обврска кон идните генерации, порача Стојкоски.