Додека вработениот во сендвичара се пресоблекувал, крадецот украл пари од касата

Во 01 часот и 30 минути во Скопје, во сендвичара на улицата „Московска“ непознат сторител извршил разбојничка кражба.

Додека вработениот се пресоблекувал во помошната просторија, слушнал тропање, по што влегол во локалот и забележал непознато лице како вади 1.000 денари од касата. Истиот му рекол да застане затоа што ќе повика полиција, но сторителот го фатил за раката и сериозно му се заканил по животот, по што го турнал и со трчање избегал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.