
Вчера во 11:29 часот во ОВР Струга било пријавено дека 71-годишниот И.М. од струшкото село Мислешево бил прегазен од неговиот трактор „имт 539“ во неговиот двор.
-Според пријавеното, додека работел на тракторот, тракторот се придвижил и го прегазил со задното тркало, при што се здобил со повреди, констатирани во Општа болница во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.