Додека климатските промени и загадувањето остануваат критични фактори за животот на Земјата, над 60% од фекалиите во земјава завршуваат во реките, езерата и подземните води

Според досегашните резултати, има зголемување во количеството на отпадни води создадено од македонските домаќинства и компании во 2021 година, а и понатаму над 60% од фекалиите завршуваат во реките, езерата или подземните води. Со ова се загадуваат водите и водното богатство во нашата земја, пренесува Мета.мк.

Според податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС), во нашата земја само 38% од отпадните води биле прочистени во соодветни станици. 

Загрижувачки е и фактот што има пораст на количеството отпадни води произведено од македонските домаќинства и компании во 2021, во споредба со она во 2020 година. Според статистиките, во 2021 година вкупното количество на отпадна вода било за 2.8% повисоко од она во 2020 година.

„За да се постигне значително зголемување на процентот на пречистување на отпадните води, неопходно е државата во соработка со локалните самоуправи да ги изгради пречистителните станици за отпадни води првенствено во трите најголеми општини каде недостигаат – Скопје, Тетово и Битола“, пишуваат од Мета.мк.