Додека глуми Че Гевара, Апасиев станува богат како путиновите олигарси, порачаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ

-Скопјани знаат дека фолирантите од Левица денес заедно со криминалците од ДУИ и СДС гласаа за изработка на урбанистички планови и уредување на градежно земјиште за нови бизниси и пари во приватни џебови, му порачаа вчера од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при Град Скопје на лидерот на Левица Апасиев. 

-Апасиев додека ја спасува власта од опозицијата лажно преставувајќи за опозиционер треба да знае дека неговите советници гласаа исто како и советниците на СДС, ДУИ и уценетата ГРОМ за изработка на урбанистички планови, како и уредување на градежно земјиште за нови градби и урбано дивеење. И сето ова само затоа што тоа е бизнис барање на ДУИ и Арсовска.

Додека глуми Че Гевара, Апасиев со цела негова структура станува богат како путиновите олигарси.

Ако незнаел, нека си го погледне видеото каде сложно СДС, Левица и ДУИ сложно гласаат бизниси, порачаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.