Додатоците во исхраната, односно вишокот на антиоксиданси во телото, може да биде причина за рак

Најнови научни истражувања покажуваат дека вишокот на антиоксиданти во организмот го зголемува ризикот од рак.

Во многу случаи, земањето големи количини во форма на додатоци (особено витамини А, Ц и Е и бета-каротен) може да биде штетно, бидејќи го зголемува ризикот од рак и други болести, бидејќи концентрацијата на антиоксиданси во организмот се зголемува прекумерно, се наведува во студијата.

Покрај тоа, некои витамини и додатоци можат да направат повеќе штета отколку добро, предупредува д-р Мики Барбер и смета дека треба да се биде особено внимателен со внесот на калциум, додатоци на калциум, додатоци на витамини и минерали за лица над 50 години.

Барбер додава дека храната е најдобриот начин телото да добие витамини и минерали за оптимално функционирање на клетките, иако не сите овие витамини можат да се добијат во секој оброк.