Добротворен базар и концерт по повод Меѓународниот ден за заштита на правата на детето

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден за заштита на правата на детето, в сабота ќе се одржи традиционалниот Меѓународен добротворен базар во организација на „Добредојде“ Macedonia Welcome Center – DMWC  и во соработка со 27 амбасади и меѓународни организаци во нашата држава.

Базарот ќе се одржи в сабота во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, со почеток во 11 часот. Дипломатскиот добротворен концерт „Слушни ме со срце“ како составен дел од овој настан ќе се оддржи в сабота во зградата на Филхармонијата, со почеток во 20 часот.

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, средствата собрани  од овој базар и концерт ќе бидат наменети за деца со церебрална парализа во Центарот за церебрална парализа – Скопје.