„Добродојде мој мал Мика“ - Доктор Злате Мехмедовиќ стана татко

Познатиот доктор Злате Мехмедовиќ утрово објави среќна вест на својот фејсбук профил. 

Имено, портпаролот на Комисијата за заразни болести, кој беше актуелен во време на ковид панедмијата, објави емотивна порака до својот новороден син. 

-Не знам што ќе бидеш за 10, 30, 50 години, но во овие неколку секунди од твоето постоење ти веќе го направи овој свет поубаво место за живеење. Нов почеток за многу нови соништа, чуда, за среќа, надеж и верба. Добродојде мој мал Мика! - напиша Мехмедовиќ.