Добрите работи се секогаш на едно место: Се отвора првиот ISMOD Store

По неодамнешното зачекорување на ISMOD на македонскиот пазар, деновиве во Скопје ќе го добиеме и првиот презентациски-продажен салон на брендот.

Со формалното отворање во среда вечер, веќе од следниот ден, четврток, 09-ти февруари, ISMOD Store и официјално ќе ги отвори своите врати за сите љубопитни кои се подготвени да се запознаат со новата, иновативна технологија во индустријата на уредите за згревање патрони од несогорлив тутун. ISMOD Store е отворен за оние кои ќе дојдат да видат нешто поинакво и напредно.

ISMOD уредите се наменети за сите оние кои се подготвени да сменат нешто на подобро. Некогаш навики, а некогаш и себеси.

Возрасните консументи кои сакаат да ги заменат традиционалните цигари со новите иновативни уреди кои не испуштаат штетен чад, не мирисаат и не прават пепел, во ISMOD Store ќе имаат можност одблизу да се запознаат со понудата на брендот. Со влегувањето на македонскиот пазар, ISMOD ги претстави и ги воведе низ продажната мрежа следните уреди: ISMOD II Plus, ISMOD Nano и ISMOD NMate, со што стана единствениот во нашата земја со понуда на три различни уреди, а веќе го најави и својот четврти уред кој ќе го лансира во март годинава.

Покрај комерцијалниот аспект, ISMOD Store ќе има и друга димензија!

Направен е како пријатно ново градско катче, каде што сите намерници во пријатна атмосфера ќе имаат можност да испијат кафе, слободно да го користат просторот за работа, за учење или за добра книга, а тимот на ISMOD ќе стои на располагање да помогне во реализација на идеја или проект за изложба, за работилница, за промоција и за сличен вид настани. И тоа бесплатно.

Дојди во ISMOD Store веќе од овој четврток, 09-ти февруари! Салонот се наоѓа во Градскиот Трговски Центар во Скопје, на приземје, во коридорот спроти влезот на канцелариите на ГТЦ. Сите коишто сакаат да видат простoр со интересен концепт и да пробаат нешто ново – се и повеќе од добредојдени. Поканата е отворена затоа што ISMOD веќе е тука!

ISMOD уредите, како и сите пропратни и потребни аксесоари, возрасните корисници на тутун и тутунски производи можат да ги побаарат во сите подобро снабдени продажни ланци, бензински пумпи, индивидуални продавници и киосци насекаде низ државата.