Добрите луѓе сакаат најсилно затоа што најмногу биле повредувани!

Животот секојдневно нѐ тестира. И од непознати причини, секој добива различен тест. Во секој случај, мораме да се носиме со она што сме го добиле. Без оглед на ситуацијата во која се наоѓате, вие бирате дали ќе бидете жртва или борец. Имате потполна контрола над тоа дали вашиот живот ќе биде сладок или горчлив.

А оние кои одбираат животот да им биде сладок се најсилни!

Елизабет Кублер – Рос, шведска писателка и психијатар, еднаш изјавила:

„Најубавите и најдобрите луѓе кои ги познаваме се оние кои доживеале пораз, знаат што е страдање и загуба, се бореле во секој момент и знаеле како да излезат и од најтемните длабочини. Овие луѓе знаат да ценат, чувствителни се и имаат разбирање кон другите. Животот им дал искуства кои ги наполниле со сочувство, љубезност и длабока емпатија. Прекрасните луѓе не се раѓаат такви, тие стануваат такви.“

Добрите луѓе носат светло во светот, затоа што излегле од мракот

Во светот на темнината во која се родени, добрите луѓе со својата позитивност ги осветлуваат животите на другите. Токму нив им се доделени „несреќни“ карти, како лоши семејни ситуации или сиромаштија. Не само што научиле како да успејат во животот, научиле и како да ги надминат лошите работи и да се издигнат над сите. Додека другите добиле пенкала во различни бои, тие добиле едно, речиси истрошено пенкало, со кое го обоиле својот живот и тој живот сепак некако е поразновиден од оној на другите.

Добрите луѓе сакаат најсилно затоа што најмногу биле повредувани

Оние чии поранешни партнери ги повредиле или изневериле, повеќе и посилно ќе знаат да ги сакаат своите идни партнери. Тие знаат како е да ти биде скршено срцето на милион парчиња и знаат колку труд е повторно да го залепиш и поправиш. Тие никогаш никому нема да приредат искуство какво што и самите доживеале.

Добрите луѓе на потешкиот начин научиле дека личните недостатоци се можност за раст и развој

Повеќе од возможно е добрите луѓе некогаш да биле песимисти. Со време сфатиле дека од песимизмот нема развој. Сфатиле дека секоја негативна работа е само уште едно скалило кон остварување на соништата.

Добрите луѓе не сакаат другите да страдаат како нив

Децата понекогаш знаат да бидат сурови и да ги зафркаваат другите поради пегите, клемпавите уши и слично. Луѓето кои знаат како е некој да ги исмева и понижува не сака на другите да им нанесе таква болка. Љубезноста и добрината во човекот произлегуваат од суровста која ја доживеал. Наместо агресијата да ја пренесе на другите, добрата личност ќе го прекине маѓепсаниот круг.

Добрите луѓе им помагаат на другите да преживеат и да станат подобри луѓе

Добрите луѓе можат да се носат со сите ситуации кои животот им ги носи. Знаат како да преживеат затоа што имаат големо животно искуство. Во трката на животот, луѓето обично гледаат право и не гледаат околу себе. Но, добрите луѓе ги бодрат своите пријатели, познаници, колеги и семејство. Ги мотивираат и другите да трчаат заедно со нив и ја споделуваат својата енергија со другите. Тие секогаш се покрај другите и им помагаат, затоа што знаат како е да немаш никого во најтешките моменти.