Добриот човек нема да стане лош, без оглед на тоа што му се случило...

Во животот на добрите луѓе им се случуваат и лоши работи. Но, добрите луѓе никогаш не се откажуваат од своите уверувања, наспроти неискреноста на другите и ударите кои им ги задава животот. Луѓето кои мислат со своето добро срце, не обрнуваат внимание на туѓите малициозни мисли, ладни аргументи и лоши коментари. 

Научните преку различни истражувања дошле до заклучокот дека постојат две главни цели во човечкото постоење, а и двете имаат биолошка позадина. Прво, постојат луѓе кои се водат од желбата за хедонизам и самозадоволство. Тоа се однесува на луѓето кои се среќни само преку личното задоволство. Овие луѓе мислат исклучиво само на себе и најчесто ги нарекуваме егоисти.

Од друга страна е т.н „еудемонски“ концепт. Тука зборуваме за други, подлабоки работи кои се на повисоко ниво. Овие луѓе се дефинирани од нивните силни уверувања. Не им е важно колку често губат, колку пати биле излажани или колку искушенија морале да надминат. Што и да им се случува, тие му веруваат на своето срце и на прво место ја ставаат вербата во племенитоста на човечката душа. 

Секој од нас сака да си овозможи себеси хедонистички задоволства и тоа е сосема човечно. Но, се’ додека тие работи не ги гледаме само низ призмата на чист егоизам, тие и натаму се можност за развој и раст. Сите сакаме да истражуваме, експериментираме, да уживаме во животот и да имаме што е можно повеќе задоволства. Како што се качуваме по скалилата на пирамидата на потреби, почнуваме да сфаќаме дека сите луѓе меѓусебно се поврзани и дека заедно формираат неверојатна и многу сложена независна мрежа, во која потезите на секој поединец влијаат на другите луѓе. 

Ако правиме добро и го правиме тоа од срце, носиме хармонија во хаосот, тоа станува стабилен и сигурен пат, дури и среде најголемите животни бури. Да се биде добра личност не значи дека морате да бидете херој, да се биде личност не значи дека мораме да го победиме секое зло. Добрите луѓе можете да ги среќавате секој ден: тие се ненаметливи, но блескаат. Тивки, но среќни. Умерени, но толку големи. Исто како и нивното добро срце.