Добри дела: Авиони доставуваат храна за гладните животни во Австралија

Во текот на изминатите денови, со помош на авиони беше доставувана храна за гладните животни во Австралија. Владата на Нов Јужен Велс ја организираше оваа активност со што беа доставени 2200 кг.  моркови и слатки компири  за животните кои живеат во пределите настрадани од огромните пожари.

Одговорните власти и организации кои се вклучија во оваа акција истакнаа дека кадешто можат поставуваат и камери за да следат колку самите животни имаат пристап и ја преземаат храната. Тие објавија и фотографија од тоа.