Добредојде за март - месецот на жената, мартинките и мимозите!

Март е месец на чие доаѓање му се радува секој! Месец на пристигнување на најубавото годишно време, месец на жената, месец на мартинките и мимозите...

Да му посакаме добредојде на март! 

Според традицијата „баба Марта“ се дочекува со мартинка на рака, во црвено-бела боја. 

Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Во чест на први март, девојките и жените плетеле алки - мартинки. 

Традиционалните мартинки кои се прават на овој ден ја симболизираат пролетта, но и доброто здравје.  

На Осми март се слави меѓународниот ден на жената. Веќе се чувствува на „осмомартовската еуфорија“, а цвеќињата пристигнаа низ продавниците и донесоа шаренило и убавина! 

Во март пристигнува и пролетта, омиленото годишно време на многумина! Денот ќе биде подолг, а природата веќе ќе се буди! 

Март е месец на мимозите - најнежниот симбол на пролетта.